31.07.2022

.

ЕП М18 мажи, А дивизија: Висок пораз од Франција за јуниорите

Уште еден пораз запишаа нашите јуниори на Европското првенство (дивизија А) кое од вчера официјално започна да се одржува во Измир, Турција. За нашиот состав пресилни се покажаа врсниците од Франција кои ни нанесоа висок пораз од 47-104 односно 15-39, 6,25, 8-25 и 18-15 по делници. 

Кошаркарите од западниот дел на стариот континент не се воздржуваа да ја демонстрираат својата доминација на паркетот во Измир. Само пет минути игра им беше потребна на француските репрезентативци за да реализираат трипати повеќе поени од нашите кошаркари (5-15), а до крајот на првиот период успеаја и да го одржат тоа темпо на игра. Во вториот и во третиот период запишавме скромни 14 поени, наспроти 50. на спротивната страна кои беа и повеќе од доволно за сведување на остатокот од натпреварот на рутина. 

Во нашиот состав, зад своето име поени запишаа:

Петар Башоски со 12 поени, воедно и единствен со двоцифрен шутерски, по шест постигнаа Петар Бошалески и Андреј Шошкиќ, пет реализира Марко Трипуноски, по четири Алек Петкоски, Метин Саити и Теодор Симиќ, по два поени постигнаа Лука Димитриевски, Тома Стојаноски и Виктор Стојковски.

Следен натпревар за нашите јуниори е закажан на 1. август, против соодветната селекција на Велика Британија.