30.07.2022

.

ЕП М18 жени, Б дивизија: Пораз за јуниорките на почеток на првенството

Како и машката, така и женската репрезентација до 18 години запиша пораз на првиот натпреварувачки ден на континенталниот собир во соодветната конкуренција и дивизија. Јуниорите запишаа пораз во натпреварот против Израел со 79-70 односно 15-18, 27-18, 16-17 и 21-17 по делници додека јуниорките загубија со 94-27 односно 23-5, 18-7, 29-11 и 24-4 од Португалија.

ФИБА Европско Првенство за жени до 18 години, дивизија Б
Португалија - МАКЕДОНИЈА 94-27

Неколку грешки на самиот почеток на натпреварот нè чинеа концентрацијата во поголемиот дел од првата четвртина. Па така, нашите кошаркарки во националните бои на теренот во Софија не успеваа да најдат пат до противничкиот кош додека кошаркарките од спротивниот табор не запираа со полнење на 'нашата мрежа'. Разликата веќе беше двоцифрена (13-0) кога ги реализиравме првите поени. До крајот на првиот дел од натпреварот, нашиот противник умешно ги казнуваше нашите грешки што резултираше со високи 29 поени предност за 'домашниот состав' на паузата (41-12). Во вториот дел од натпреварот прикажавме подобра игра, но не успеавме да се изедначиме со екипата на Португалија.

Марија Николов со девет поени беше најуспешна во нашиот табор. Ја следеше Евгенија Танаскоска со пет поени, еден помалку запиша Михаела Алексовска. По три поени запишаа Мартина Маркоска и Ана Милованова, а во листата на стрелци се запишаа уште и Анастасија Тодорова со два односно Климентина Модева со еден поен.
 

Следен натпревар:
31.07.2022 (недела)
МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Почеток 17:30