Јуниорките ја продолжија негативната низа на настапи на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години откако во првиот натпревар за разигрување и пласман загубија од Естонија.
Еден лош период не чинеше победа и сигурен опстанок во оваа дивизија. Сега следи натпревар против јуниорките на Украина, закажан за утре (5. август) во 15:00 часот.
Нашиот денешен противник ја диктираше играта на почетокот на дуелот, но не успеа да го спречи налетот на нашите мотивирани кошаркарки. Успеавме да одговориме на сите нивни акции долж теренот и да не дозволиме негативата да порасне на повеќе од пет поени. Желбата да ја забрзаме играта и да направиме удобна разлика го даде токму спротивниот ефект на теренот - изгубени топки и 11 нереализирани шутеви за три поени кои дополнително влиаеја на концентрацијата на девојките. Во меѓувреме, кошаркарките на Естонија наталожија десет поени предност на полувремето (34-24) која беше сосема доволна за победа до крајот, до конечни 66-57 односно 17-17, 17-7, 16-16 и 16-17 по делници.
Мартина Маркоска со 21 поен беше лидерот на нашата репрезентација на денешниот натпревар. По 12 поени реализираа Марија Николов и Михаела Алексовска, седум придодаде Ана Милованова, по два поени Љубица Бошкова и Анастасија Тодорова, Христина Ставревска реализира еден поен.