15.08.2024

Во утешната група, уште еден добар меч и победа на нашата селекција „Под 16“, совладани и момците од Скандинавија, (70:67)

ЕП–„ПОД 16“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“-СКОПЈЕ 2024: Кадетите продолжија со победите, „падна“ и Данска

Машката селекција на Македонија за кошаркари „Под 16“ години, продолжи со победничкиот чекор во обидите за што подобар пласман на ЕП од Дивизијата „Б“.

По несреќната елиминација од битките за медали и место во елитната дивизија, нашите млади кошаркари најдоа мотиви, сили и енергија, да продолжат со успешни игри.

МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА            70:67

Две различни четвртини одиграа нашите кадети во првото полувреме од дуелот со Данска.

Имавме проблрми во фазата на нашпадот во почетнит еминути од играта што Данците знаеја да го искористат, и први да дојдат до некое конкретно водство. На крајот на првата четвртина беше и највисокото (15:8).

Но работите почнаа да се менуваат, секако во корист на Македонија, уште од почетните минути на втората четвртина. Онаа во која нашиот кадетски состав успеа да направи пресврт, и играчки и резултатски. Па полувремето го дочекавме со предност, макар и минимална (29:27).

Она што исто така важи за позитивно е што поентерски имавме дури седум од оние девет играчи кои влегоа во игра во тие први 20.минути од онатпревар во класификациската фаза за пласман од 9. до 16.место.

Уште подобро продолживме по оној „голем одмор“, ја задржавме ефикасноста во играта која пак продуцираше и наша двоцифрена предност. На истекот од овој дел од играта, Македонија поведе со (52:39).

Слична беше нашата предност и во воведните две минути од последниот (56:44). Но Данска испрати закана со серија од (7-0) со која се доближи на само пет поени засотанување (51:56).

Серијата, со тројка, ја премина Нешовиќ, за нешто посигурни (59:51). Противникот од Скандинавија сепак, покажа упорност, некоја минута подоцна дојде и на (59:64), кога останаа да се доиграат 3:20 минути.

Со четирите поени на нашиот најефикасен играч, Цветковски, го одбивме и тој напад на Данска, за (68:59). Но во последната минута влеговме со плус од само три поени (68:65). По неколку нереализирани обиди, Данците дојдоа и на само „половина кош“ негатива. Но до крајот останаа само уште четири секунди во кои Сребров ја потврди нашата победа, која ја води нашата селекција во битка за пласман од 9. до 12. место, против подобриот тим од дуелот помеѓу Португалија и Исланд.  

Со 15.поени, Цветковски предводеше група од уште три наши репрезентативци со двоен пеонтерски ефект. Во неа се најдоа Среборов, кој дополни со 14. реализации, но и Данев односно Терзиевски кои имаа уште по 12. поени.