13.08.2024

Бевме подобри од Австријците (95:88), но високиот пораз во дуелот со Естонија, пресуди, не ни дозволи да играме во четвртфиналето

ЕП–„ПОД 16“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“-СКОПЈЕ 2024: Македонија го одработи својот дел, ја победи Австрија, но остана без пласман во првата „осумка“

Машката кадетска репрезентација на Македонија нема да биде дел од четвртфиналната фаза на ЕП од Дивизијата „Б“ во Скопје.

Победата во дуелот со селекцијата на Австрија го стави нашиот тим „Под 16“ во “триаголникот“ заедно со репрезентациите на Естонија и на Шведска.

За жал нашата минимална победа над Шведска и поразот изразен со висока разлика од Естонија, не оставија на позицијата број 3, која значи дека во наредните неколку дена Македонија ќе се бори за пласман од 9.до 16.место во крајниот поредок на кадетскиот шампионат

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА         95:88

Иако добија информација дека овој натпревар не носи место во првата „осумка“, нашите млади кошаркари одлично го отворија овој последен меч од групната фаза.

Макар што на истекот на првата четвртина Австријците имаа минимална прендост (23:21), во онаа втората, македонските кадети го надокнадија тој дефицит.

Одигравме доста ефикасно во текот на првото полувреме, а во тој офанзивен сегмент предначеа Цветковски (14), Данев (12) и Ѓорѓевиќ кој реализираше 10.поени.

Добро го започнавме и третиот дел од мечот, во три минути направивме (10-5), за предноста да ја подигнеме на највисоки (57:49).

Во тој дел од играта, Терзиевски стана нашиот четвртти играч со двоен број на поени, но што е уште поважно, по 30.минути, Македонија имаше сигурно водство (73:62).

Слична беше разликата и на влезот во последната минута од овој натпревар (92:81). Во тие шеесетина секунди, Австрија даде седум поени, се доближи на (88:93), но нашите кадетски репррезентативци успеаја да ја одбранат предноста и да победат, по трет пат во четири одиграни натпревари.

За жал недоволно за премин во четвртфиналната фаза.

Минута молк во чест на големиот Лазар Лечиќ

Со тажна, многу тажна вест се соочи македонската спортска јавност, посебно онаа кошаркарската, денеска, откако стана јасно дека останавме без великанот на нашата кошарка, Лазар Лечиќ.

Во негова чест, непоредно пред почетокот на овој натпревар, присутните во салата на СРЦ „Кале“ со едноминутно молчење му оддадоа почит на оној што значеше и синоним за македонската кошарка, во секоја смисла.

Македонија загуби уште едно големо име, можеби и најголемото во својата кошаркарска историја!