17.08.2024

Во последниот натпревар на шампионатот, Македонија загуби од Унгарија (71:80)

ЕП–„ПОД 16“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“-СКОПЈЕ 2024: Македонските кадети го освоија 10. место

Во последниот натпревар од ЕП од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 16“ години, кадетската репрезентација на Македонија загуби од Унгарија, и го освои десеттото место во крајниот поредок. 

МАКЕДОНИЈА - УНГАРИЈА          71:80

Кадетите на Унгарија дојдоа до предност уште во раната фаза од овој последен меч за двете селекции. По десет минути од играта, се стекнаа со солидна предност (23:16).

А во текот на втората четвртина, во 15.минута, Унгарија стигна и до највисоки (32:21). Најдобриот дел од нашата игра беа тоикму оние пет минути до полувремето во кои успеавме да „симнеме“ добар дел од високата негатива.

По 20.минути во натпреварот за 9.место на првенството во Скопје, унгарските кадети водеа со (41:33).

Имавме „дефицит“ во скокот, противникот оствари дури 16 скока повеќе (35 спрема 19), што беше евидентирано и во резултатот, во кој Цветковски и Ѓорѓевиќ „учествуваа“ со по девет поени, а Терзиевски имаше еден помалку.

Во продолжението од натпреварот, максимално изедначена игра, која повеќе му одговараше на тимот кој го има водствот. Иако вршевме силен притисок, Унгарците успеваа да ја одржат таа позитива стекната во првото полувреме.

Исто беше „растојанието“ и по три одиграни четвртини, (66:58).

Во последниот и решавачки дел од играта, Македонија успеа да влезе во шанса за пресврт. По поентирањето на Терзиевски, намаливме на (67:71), кога останаа три и пол минути за доигрување.

Но кога беше најпотребно влеговме во проблеми со реализацијата, па победата остана за Унгарија.

Цветковски постигна 24.поени, имаше и по два скока и две асистенции, Ѓорѓевиќ застана на бројката од 20.реализации (и по 4 скока и асистенции). Терзиевски имаше 12.поени, додека уште десет поени дојдоа од Ефтимовски (имаше и осум скока).