12.02.2021

Од денеска нашиот национален тим е „побогат“ за уште едно име во тренажниот процес.

Ерен Хангун повторно во добро познатата средина

На денешниот тренинг во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ уште едно познато лице.

Согласно со претходно договореното, турскиот стручњак за кондициска подготовка, Ерен Хангун му се приклучи на нашиот национален тим, и во наредниот период, ќе се грижи за кондицијата на избраниот тим кој ќе нè претставува на квалификацискиот турнир во Перм.

„Многу ми е драго што сум повторно со тимот кој сега, можам слободно да кажам, доста добро го познавам. Подготвен сум да помогнам. Работата ми е олеснета, особено ако се знае дека зад нас се веќе два циклуси од подготовките“- коментира Хангун, кој од аеродром дојде директно во сала за да го одработи својот дел од задачите уште на денешниот тренинг.