05.06.2022

На двете средби нашиот репрезентативец реализираше 23.поени...

Ервин Цого е прв стрелец на првиот квалификациски ден во Констанца

Селекцијата на Македонија го заврши својот настап во квалификациите за Европското првенство на ФИБА „3Х3“, но затоа пак го имаме најдобриот стрелец во оваа квалификациска група која се игра во Констанца.

Имено, со вкупно 23.поени, реализирани на двете средби со Црна Гора односно против Полска, засега, Ервин Цого е прв стрелец во ова високо друштво. Со просечни 11.5 поени по натпревар, нашиот репрезентативец е пред Тамаш Ивошев (Унгарија) и Оливер Метцалу (Естонија) кои имаат по 17, додепак во ТОП 5 во оваа статистичка категорија се уште и Кристијан-Раду Читу (Романија и Давид Ерик Норби (Данска) кои имаат по 14. постигнати поени на првите два натпревари од турнирот во овој романски приморски град.