29.12.2023

НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО „3Х3“ ЗА 2023 ГОДИНА

ЕРВИН ЦОГО: „Награда која ме тера на уште поголема работа“

Не „форсираше“ лани, но затоа пак оваа година се реши да „го прошета“ скоро целиот свет. Настапуваше и победуваше, и на турнири во Африка, и во Азија, секако, и во Европа, а голема беше неговата помош во победите на сениорскиот „3х3“ тим на Македонија во квалификациите...

„Благодарам за наградата. И само сакам да кажам дека оваа награда ја сметам како своевиден поттик за мене за поголема работа и да направам уште поголем успех во 3Х3 конкуренцијата“ - беше краток во своето обраќање нашиот најдобар „баскетџија“ за оваа година.