ФОТО: Кристијан Куламае е еден од лидерите во изменетиот естонскиот ростер за турнирот во Талин (ФИБА)
Во значително променет состaв ќе биде репрезентацијата на Естониа на претстојниот претквалификациски олимписки турнир кој ќе се одржи од 12. до 15. август во нивниот главен град – Талин.
Селекторот на естонскиот тим, еден од нашите противници на овој собир, Јука Тоијала, доби негативни одговори од неколку и тоа како важни кошаркари за овие три средби на турнирот во Арената „Тондираба“ во Талин.
Ќе ги нема на располагање главните ѕвезди во тимот како Малик-Калев Котцар, Сим-Сандер Вене, Кристијан Китсинг, Јанари Јесар, Мартин Дорбек и Стен Сок.
Според планираните активности, првиот собир на тимот беше синоќа, во Талин, а за време на подготовките, Тоијала и неговите соработници закажаа три контролни натпревари. На 3. и на 4. август на гости им доаѓа селекцијата на Унгарија, додека пак неколку дена подоцна, на 9. август е предвидено гостување во Финска.
На поширокиот состав на селекторот Јука Тоијала, се наоѓаат следниве играчи на Естонија
Јонас Рисма, Каспер Сурорг, Тави Јуркатам, Мик Јуркатам, Лемет Буклер, Хуго Том, Матиас Тас, Артур Конончук, Рауно Нургер, Хенрик Дрел, Микел Кирвес, Грегор Хермет, Сандер Раиесте, Каспар Треиер, Сим-Маркус Пост, Кристијан Куламае, Кер Крисис, Грегор Куба