Естонскиот селектор Јука Тоијала го намали списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот квалификациски меч против Македонија што ќе се игра в четврток од 20.15 часот, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Пред два дена Естонците ги почнаа подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021, и дуелите со нашата и селекцијата на Италија. А нивниот нов селектор, Јука Тоијала, потврди дека од првичниот список од 16. кошаркари да отпаднат двајца играчи, поточно на бековските позиции: Мартин Пасоја и Сајмон Сут.
На финалниот список на естонскиот селектор се наоѓаат: Кристијан Куламае, Кер Криса, Раит-Риво Лане, Раин Вајдеман, Хенри Дрел, Мартин Дорбек, Сандер Раиесте, Јанари Јесар, Танел Курбас,Сим-Сандер Вене, Крегор Хермет, Каспар Треиер, Кристијан Китсинг и Рауно Нургер.