Како што најави, селекторот на Естонија, Јука Тоијала денеска го објави оној поширок список од 16. кошаркари кои ќе ги користи за претстојните квалификациски натпревари од групата „Б“.
Во однос на претходниот репрезентативен собир, селекторот Јука Тоијала не може да смета на тројца кошаркари: Слим Сандер Вене, Кристиан Куламае, и Малик Калев Косар.
Поширокиот состав на Естонија, кој е наш противник на 30. ноември во овој циклус од квалификациите:
Кер Криса (Аризона-САД), Слим-Маркус Пост (Талин Калев), Раин Вајдеман (Рошток-Германија), Мартин Дорбек (Калев/Крамо), Мартин Пасоја (Реал Ваљадолид-Шпанија), Јанари Јаесар (Манреса-Шпанија), Сајмон Сут (Рапла), Хенри Дрел (Пезаро), Сандер Раиесте (Басконија-Шпанија), Јан Пуидет (Талтеч), Танел Курбас (Калев/Крамо), Микел Кирвес (Парну), Кристијан Китсинг (Ритас Вилнус -Литванија), Крегор Хермет (Калев/Крамо), Рауно Нургер (Калев/Крамо), Каспар Трејер (Динамо Сасари-Италија)