Официјалните детали ќе бидат познати на закажаната прес-конференција која естонската федерација ја најави за 5. февруари...
Јука Тоијала, 47.годишниот Финец и селектор на сениорската репрезентација на Естонија, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски средби за пласман на наредниот Евробаскет во 2021 година.
На него се најдоа 24 имиња, во најголем број доста непознати за нашата кошарарска јавност. Со исклучок на неколку искусни играчи од типот на Кристиан Куламае, Стет-Тиму Сок, Мартин Дорбек и Кристијан Кангур.
Тоијала објави дека на 5.февруари, јавноста ќе биде подетално информирана за плановите на овој февруарски квалификациски циклус во кој Естонија ни гостува во Скопје на 20.февруари, а три дена подоцна, во Талин ја пречекува селекцијата на Италија.
ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА ЕСТОНИЈА:
Кристијан Куламае, Стен-Тиму Сок, Кер Криса, Раит-Риво Лане, Раин Вајдеман, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Мик Јуркатам, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Ерик Кедус, Мартин Пасоја, Сандер Раиесте, Јанари Јесар, Танел Курбас, Саимон Сут, Сим-Сандер Вене, Микел Кирвес, Крегор Хермет, Индрек Кајупанк, Каспар Треијер, Кристјан Кицинг, Кристјан Кангур, Рауно Нургер;