06.02.2020

ЕСТОНЦИТЕ ОДБРАА: Списокот на Тоијала брои 16 кандидати

Јука Тоијала, 47.годишниот Финец и селектор на сениорската репрезентација на Естонија, го објави новиот, скратен список на играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски средби за пласман на наредниот Евробаскет во 2021 година.

Од првичните 24 кандидати, Финецот, кому во оваа акција ќе му помагаат асистентите Хеико Ранула и Индрек Реинбок, се одлучи да ја симне бројката на 16. кои се во неговите планови за овој февруарски квалификациски циклус.

„Прозорец“ во кој селекцијата на Естонија ни гостува во Скопје на 20.февруари, а три дена подоцна, во Талин ја пречекува селекцијата на Италија.

СПИСОКОТ НА ЕСТОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И ИТАЛИЈА:

Кристијан Куламае, Кер Криса, Раит-Риво Лане, Раин Вајдеман, Хенри Дрел,  Мартин Дорбек, Мартин Пасоја, Сандер Раиесте, Јанари Јесар, Танел Курбас, Сајмон Сут, Сим-Сандер Вене, Крегор Хермет, Каспар Треиер, Кристијан Китсинг и Рауно Нургер