Репрезентацијата на Естонија е победник на „Балтик“ Куп со кој федерацијата на оваа балтичка земја го прослави големиот јубилеј, „100 години кошарка“ во Естонија.
По победата на премиерата против Литванија, селекцијата домаќин, и противник на нашиот национален тим во квалификациите за ЕП 2021 година, беше подобар и од вториот сосед, Летонија.
Тимот предводен од Јука Тоијала славеше со убедливи (84:67), и со максимални две победи го доби победничкиот пехар.
На дуелот во „Саку Сурхал“ Арената, тројца домашни кошаркари запишаа двоцифрен број на поени. Хенрик Дрел даде 15.поени, капитенот Слим-Сандер Вене еден помалку, додека пак Јанари Јесар дополни со десет поени.
Во наредните неколку денови (на 29 и 30.јули), Естонците ќе имаат уште две проверки. Ќе одат на гостување во Еспо, односно Кисакалио, и ќе играат против селекцијата на Финска.