Селекцијата на Естонија, еден од нашите противници во квалификациите за ЕП 2021 година, го одигра првиот пријателски контролен натпревар, од планираните четири во текот на седум дена.
Како дел од „Балтик Купот“, кој овие три дена се одржува во Талин, на отворањето на турнирот, Естонија славеше победа против комбинираната селекција на Литванија (со само неколку стандардни репрезентативци).
Откако во регуларниот дел беше нерешено (77:77), во дополнителните пет минути Естонија стигна до триумф од (92:85).
Со 26. реализации, Кер Криса беше најдобриот стрелец во победничката селекција, Сандер Раиесте даде 17, а Слим Сандер Вене уште 13.поени.
За овој меч селекторот Јука Тоијала не сметаше на шестмина кошаркари кои беа на списокот од 18. планирани за овој турнир: Мартин Дорбек, Мик Јуркатам, Сим Маркус Пост, Микел Кирвес, кои се во тимот, Кристијан Куламае, кој е на тренинг-камп во Шпанија, и повредениот Мартин Пасоја.
Утре играат селекциите на Летонија и Литванија, а турнирот се затвора во недела навечер (19.30 часот), со дуелот Естонија-Летонија.