20.07.2020

Изгледа дека Естонците немаат толку сериозни проблеми со коронавирусот. Договорија дури четири контролни натпревари за седум дена

Естонија со полн состав, но и уште две „контроли“ со Финска

Селекторот на репрезентацијата на Естонија, нашиот ривал во квалификациите за ЕП 2021 година, Јука Тоијала, го одреди списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот меѓународен турниор „Балтик куп“, кој од 24. до 26.јули ќе се одржи во Талин.

Финецот кој е на кормилото на Естонија, планира да ги искористи сите повикани кошаркари, со исклучок на играчот кој беше најзаслужен за победата на Естонија во Скопје (81:72), Кристијан Куламае, кој е на тренинг-камп во Шпанија

На овој список за „Балтик Купот“ се повикани сите 12.кошаркари кои ги играа првите два меча од квалификациите. Нови имиња во овој поширок избор се: Сим-Маркус Пост, Мик Јуркатам, Сајмон Сут, Роберт Вајт, Мартин Пасоја и Михел Кирвес.

Освен дуелите со Литванија (на 24. Јули) и Летонија (26.јули), селекторот на Естонија испланира уште и две пријателски средби со селекцијата на Финска. Закажани се за 29, односно 30.јули, исто така во Талин.

Добра можност и за стручниот штаб на нашиот сениорски национален тим предводен од селекторот Александар Тодоров, да ја „сними“ моменталната форма на Естонија пред продолжението на квалификациските мечеви за пласман на наредниот Евробаскет.

СОСТАВОТ НА ЕСТОНИЈА ЗА „БАЛТИК КУП“

Кер Криса, Раит-Риво Лане, Сим-Маркус Пост, Раин Вејдеман, Мик Јуркатам, Мартин Дорбек, Хенри Дрел, Јанари Јесар, Саимон Сут, Сандер Раиесте, Роберт Вајт, Мартин Пасоја, Сим-Сандер Вене, Кристјан Китсинг, Крегор Хермет, Рауно Нургер, Михел Кирвес, Кристиан Куламае