05.09.2020

„Ние имаме традиција во кошарката. Имаме голем спектар на љубов, духовитост и почит кон играта, кои доаѓаат од југословенската школа“

„ЕУРОСПОРТ“ ОТКРИВА ИДНИ ЅВЕЗДИ - АНДРЕЈ МИТРЕВСКИ: Не сакам да форсирам ништо, чекорам трпеливо на патот кон успехот!

Андреј Митревски, еден од најдобрите и најталентирани играчи во  македонската кошарка, деновиве доби една несекојдневна прилика. Да одговори на прашањата на една од најпознатите спортски ТВ станици на Стариот континент,  „Еуроспорт“.

Младиот кошаркар беше спремен, и даде доста исцрпни одговори на голем број на поставените прашања поврзани со досегашниот тек на неговата кариера, но и она што смета дека е негова иднина во дружењето со портокаловата топка.

Како прво, како си?

„Ви благодарам што прашавте, јас сум со моето семејство, вежбам со мојот тим и што е најважно,  сите сме здрави“.

 Што направивте во првиот бран од ерата на коронавирусот?

„Да ви кажам искрено, тоа беше за прв пат да одмарам после долго време, уште од почетокот на 2018 година. Потоа започнав со индивидуални тренинзи со мојот тренер Денис Дервишевиќ и имав околу дваесетина утрински тренинзи со нашиот селектор на сениорскиот национален тим, Александар Тодоров“.

Вие сте едно од истакнатите имиња меѓу играчите родени во 2003 година. Како започна да играш кошарка?

„На Евробаскетот во 2011 година во Литванија, македонската репрезентација заврши одлична работа, и тогаш започна мојата љубов кон кошарката. Успесите на мојот клуб Феникс 2010, постигнати со нашите врсници од Србија, Словенија,Црна Гора, во нашите домашни првенста и двете европски првенства ме поттикнаа професионално да се занимавам со кошарката“.

Како тече животот во Македонија?

„Можно е да одговорам на ова прашање со класичен одговор. Мислам дека ако сте млад спортист и сакате да бидете успешни, треба да направите две работи: играјте кошарка и одете на училиште. Додека ја поминувам целата недела во играње кошарка, се обидувам да најдам време и за училиште, секако и за моето семејство и пријателите. Освен тоа, учам нови култури благодарение на етничката разновидност во мојот клуб. Инаку, братучедот на Чеди Осман, Тарик е мој помлад соиграч. Иако сме Феникс,го подржуваме и Кливленд Кавалирс“

Како мислиш дека ќе помине оваа сезона?

„Поради коронавирусот, минатата сезона сè беше скратено. Како клуб Феникс 2010, го освоивме второто место во Втората лига, а во младинската лига бевме први. Новата сезона ќе биде веќе четвртата година која ќе ја поминам во сениорските лиги. И за прв пат во мојата кариера ќе играм во македонската Прва лига. Ќе настапувам за ТФТ Скопје, новиот тим на лигата, но во исто време ќе играм во Втората лига за Феникс 2010. Се надевам дека сè ќе биде добро“.

Што мислите за кошаркарската култура во Македонија?

„Ние имаме традиција во кошарката. Имаме голем спектар на љубов, духовитост и почит кон играта, кои доаѓаат од југословенската кошаркарска ера. Но, овие работи секако, не се доволни за огромни успеси. Треба да ги направиме условите, односно салите во сите градови во Македонија подобри за кошарка. Нашата Федерација со години прави одлична работа во поглед на организација на европски младински првенства  и многу е вредно што следната година ќе бидеме домаќини на Европското првенство за играчи ‘Под 16’ години А дивизија“.

Дали сте добиле понуда од средните училишта во САД?

„Секако, имаше некои контакти. Но не сакам да одам во САД и да играм за средно училиште во моментов. Што се однесува до НЦАА, рано е да одлучам за било што“.

Што мислите кои се добрите и лошите страни во вашиот стил на игра?

„Мислам дека најважниот плус е дека можам да играм трпеливо, што мислам дека е една од најважните работи за еден млад играч. Затоа што е критично да се задржи темпото и да не се форсира премногу во текот на играта. Исто така, моите вештини за шутирање и дриблинг се добри. Највпечатливо во врска со моите минуси е сетот за ‘вештини за додавање’.

На кои предмети работите најмногу во индивидуална обука?

„Работа со топка, шутеви од среден дострел и од далечина“.

Кои се вашите омилени офанзивни и дефанзивни сетови?

„Сакам да играм пик-ен-рол, транзиција и изолација во мојот простор за игра. Во одбраната сакам да играм ‘човек на човек’ “.

Кои се вашите хобија?

„Кога ќе најдам слободно време, јас спијам, навистина. Затоа што мислам дека одморот е една од најважните работи за луѓето како нас. Секако, уживам да поминувам време со моите пријатели, семејството и да гледам телевизија“.

Каква е вашата диета?

„Се обидувам да создадам рамнотежа на протеини и јаглехидрати. Риба и компир ми се омилени јадења. Моите протеински оброци се само природни. Користам и некои природни додатоци (козја сурутка), секако“.

Кои се вашите омилени филмови и ТВ-емисии?

„Јас ќе го издвојам филмот ‘Механичар’, а серијата е ‘MacGyver’ “.

Кој е градот во кој сакате најмногу да живеете во САД?

„Њујорк. Како и многу млади, и јас сакам да играм во најдобрата лига во светот, НБА, и да им покажам на сите што можам да направам. Работам напорно за да го постигнам ова. Можеби е глупаво да се прави разлика помеѓу градовите, но мојот јасен одговор е - Њујорк“.

Ако не бевте кошаркар, со која професија би сакале да се занимавате?

„Би сакал да бидам спортски скаут, професија каква што е вашата“.

Можете ли да ја поставите најдобрата петорка од Европа која би била рамноправна со некоја од НБА?

„Мојот избор во Европа се : Василис Спанулис, Милош Теодосиќ, Хуан Карлос Наваро, Нандо Де Коло, Перо Антиќ, додека од НБА лигата би ги одбрал:  Кајри Ирвинг, Лука Дончиќ, Каваи Ленард, Џејсон Тејтум и Никола Јокиќ“.