Селекцијата на БиХ продолжи со одличните настапи на женскиот Евробаскет. Откако обезбедија пласман во осминафиналето, во супер-пресметката излегоа како победници и против Хрватска (80:69), што беше доволно да обезбедат место во четвртфиналето на евро-шампионатот кој се одржува во Шпанија и во Франција.
За прв пат во својата историја, во оној женски сегмент.
Покрај храбрите Босанки, понатаму продолжуваат и селекциите на Русија, Шведска и Шпанија.
Еден од ко-организаторите на првенството, Шпанија, доминираше во мечот против селекцијата на Црна Гора (78:51). Репрезентацијата на Шведска изненадувачки лесно ја победи Италија (64:46), додека пак Русија ја елиминира Словенија со високиот триумф од (93:75).
Денеска е слободен ден на шампионатот. А веќе од утре стартуваат четвртфиналните возбудувања.
Од 18.часот, за место во полуфиналето ќе се борат Белорусија и Шведска, односно Франција и БиХ. Во 20.45 часот, стартува дуелот помеѓу селекциите на Русија и Белгија, додека дербито на оваа фаза е од 21.часот, кога на теренот во Валенсија ќе истрчаат селекциите на Шпанија и на Србија.
ЕВРОБAСКЕТ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
23.ЈУНИ (СРЕДА)
18.00: Белорусија – Шведска
18.00: Франција – БиХ
20.45: Русија - Белгија
21.00: Шпанија - Србија