21.06.2023

Германија и Србија славеа во осминафиналниот бараж, и продолжуваат во битката за пехарот и медалите

ЕВРОБАСКЕТ-ЖЕНИ: Познати се осумте четвртфиналисти

Селекциите на Германија и на Србија се последните четвртфиналисти на Европското првенство во женска конкуренија чиј прв дел се играше во Тел Авив и во Љубљана.

Актуелниот бранител на титулата се мачеше и во дуелот со Велика Британија. Но на крајот, Србија славеше со (66:60) и останува во одбрана на трофејот.

Но за место во полуфиналето ќе имаат исклучително тешка задача, да бидат подобри од Белгија, која со експресни три победи обезбеди директен пласман во првата „осумка“.

Во четвртфиналето ќе игра и Германија, која исто така во неизвесен меч, на крајот беше подобра од Словачка (79:69). Противник во следната фаза ќе им биде Шпанија, која по стартниот пораз, запиша две убедливи победи во групната фаза.

Ден порано, осминафиналните бараж-натпревари ги добија и селекциите на Црна Гора, која изненадувачки лесно и убедливо ја победи Италија (63:49). И си обезбеди меч кој води во првите четири против Франција.

Возбудливо беше и на средбата Чешка-Грција, која заврши со тесна победа на младиот чешки состав (79:76), кој за пв пат во оваа декада успева да дојде во оваа фаа од шампионатите.

Дали ќе одат и еден чекор понапред во многу ќе зависи од исходот на четвртфиналната пресметка против репрезентацијата на Унгарија, сигурно најпријатното изненадување во првиот круг од Евробаскетот, чиј завршен дел ќе се игра во Арената „Стожице“ во Љубљана.

РЕЗУЛТАТИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

Србија – Велика Британија       66:60

Германија – Словачка    79:69

Црна Гора – Италија        63:49

Чешка – Грција      79:76

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

22.ЈУНИ (ЧЕТВРТОК):

12.15: Унгарија – Чешка

15.00: Белгија - Србија

18.00: Франција – Црна Гора

20.45: Шпанија – Германија