По одигрувањето на првата, групна фаза, познати се четирите селекции кои обезбедија директен пласман на Европското првенство во женска конкуренција.
По трите кола во Стразбур односно Валенсија, селекциите на Србија, Франција, Белгија и Белорусија како победници на групите, обезбедија директен пласман во четвртфиналето на шампионатот.
Селекциите кои завршија на второто односно третото место во четирите групи ќе мора да играат елиминациски натпревари за пласман во следната фаза од шампионатот која се сели на шпанско тло.
Во осминафиналето, денеска ќе разигруваат дури четири селекции од просторите на поранешната држава, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора, плус и Италија, Русија, Шведска, и домаќинот Шпанија.
Првенството заврши за репрезентациите на Грција, Словачка, Турција и Чешка.
ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА:
18.00: Италија - Шведска
18.00: БиХ – Хрватска
20.45: Русија – Словенија
21.00: Шпанија – Црна Гора