Во овој случај, тоа се однесува за екипите на Будуќност и Гран Канарија, кои стигнаа до првите победи во серијата „подобар во три“ на гостински терен.
Будуќност го шокираше Монако, со поените на Џастин Кобс на нецели три секунди пред крајот, за конечни (77:76), па со евентуална победа на свој терен во Подгорица, ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
Многу блиску до тоа е и екипата на Гран Канарија, која лесно го реализира планираното на гостувањето кај Левалоа (84:74), за почетно водство во серијата.
Виртус остана непобеден и по дуелот со Хувентуд, иако „црно-белите“ од Болоња беа блиску да бидат изненадени. Предноста на домашниот терен во руската пресметка ја одбранија кошаркарите на Уникс, кои во Казан го победија Локомотив Кубан (94:88).
Следните натпревари, втори во серијата, ќе се играат на 25. и на 26. март.
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(ПРВ НАТПРЕВАР)
Виртус Болоња – Хувентуд 80:75 (1-0)
Монако – Будуќност 76:77 (0-1)
Левалоа – Гран Канарија 74:84 (0-1)
Уникс – Локомотив Кубан 94:88 (1-0)