Вечерва се заокружи и првото коло од новата, ТОП 16 фаза во второто според квалитет, европско натпреварување, Еврокупот.
А на почетокот на вториот круг од натпреварите, како дел од групата „Е“ се играше и шпанското дерби, односно дуелот помеѓу екипите на Хувентуд и на Уникаха.
А по 40.минути на средбата во Малага, голема победа за Хувентуд од (95:86), против конкурентот за место во четвртфиналето.
Веќе вообичаено, кога станува збор за тактичката поставенот на тимот од Бадалона, Ненад Димитријевиќ не беше дел од првата петорка. А откако пред крајот на првата четвртина влезе на теренот, веднаш почна да дели асистенции до соиграчите. За само неколку минути во игра, собра четири. Евидентирано и во резултатот. „Зелено-црните“ ја стигнаа негативата, на средина од втората четвртина беа во минус од еден поен (33:34).
До истекот на првото полувреме додаде и четири поени (2/3 за два поени) и по еден скок и освоена топка.
Во продолжението од мечот, македонскиот репрезентативен бек беше уште подобар. Беше многу блиску до дабл-дабл ефект. Иако мораше да добие и лекарска помош на полувремето, тоа не му посмета да има 13.поени (1/2 за три, 3/5 за два и 4/5 за еден поен). Освен тоа, за скоро 20.минути во игра, додаде и седум успешни додавања, два скока, и по една освоена, односно загубена топка.
И највисок индекс на корисност во својот тим – 22!
За голем „брејк“ на почетокот на втората групна фаза во Еврокупот, каде во следниот круг од натпреварите, на 20. јануари, во Бадалона, го дочекуваат францускиот Нантер 92.