Во 11. рунда од натпреварите во Еврокупот, кошаркарите на Валенсија ја пречекаа подгоричка Будуќност. И одиграа феноменално прво полувреме во кое на гостите од Црна Гора им уфрлија дури 53.поени. Поведоа со неверојатни, но вистинити (53:33).
Слично беше и на крајот на натпреварот (103:76).
За нешто повеќе од 16 минути во игра, Ненад Димитријевиќ имаше одлични шест успешни додавања и четири поени во тоа неверојатно издание на тимот од „Фонтета“.
Со оваа победа Валенсија дојде на скор (8-3), и го помина Будуќност на табелата во групата „Б“ од ова натпреварување. Во водство е уште еден шпански тим, Гран Канарија, наредниот ривал на Димитријевиќ и соиграчите во мечот кој ќе се игра на 1. февруари.