26.01.2021

Младиот бек реализираше 22.поени, три скока и две асистенции во победата на „зелено-црните“ против Монако (79:72)

ЕВРОКУП: Димитријевиќ го турка Хувентуд кон четвртфиналето

Три натпревари и три победи имаат Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд во ТОП 16 на Еврокупот.

Во третото коло од вториот групен дел, иако со доста осцилации во резултатот, Хувемтуд го победи Монако со сигурни (79:72) И доволни за максимален ефект, три победи во првиот дел од втората фаза, кои ги носат „зелено-црните“на чекор до четвртфиналето.  

Феноменално прво полувреме имаше Ненад Димитријевиќ во дуелот со „кнезовите“ од Монако. Откако влезе во игра, стигна до бројката од 17. реализирани поени. Со само еден нереализиран обид од поле (2/2 за три 3/4 за два и 3/3 за еден поен). За нецели 14.минути, додаде и по еден скок и асистенција. Но Хувентуд загуби двоцифрено водство во текот на втората четвртина. На полувреме гостите имаа „минималец“ (40:38).

Македонскиот репрезентативец продолжи со одличната игра и во продолжението на овој меч во кој тимот од Бадалона не дозволи нов пресврт, и стигна до третиот по ред триумф во ТОП 16.

За скоро 30.минути на теренот, Нено дојде до ефект од 22.поени (3/3 за три. 5/8 за два и ¾ за едне поен), три скока, две асистенции и три загубени топки

Двете екипи ќе одиграат уште еден меч, оној од 4. коло, кој е закажан за 1.февруари во Монако.