Ненад Димитријевиќ и Хувентуд не успеаја да му го нанесат првиот сезонски пораз на славниот Виртус Болоња во второто, според квалитет, европско натпреварување.
Во вториот натпревар од четвртфиналето на Еврокупот, во Бадалона, топ фаворитот за освојување на ова натпреварување стигна до втората победа (84:78) и со (2-0) ја затвори серијата, по која „зелено-црните“ се збогуваат со натпреварите во Европа.
Имаа своја шанса во последната четвртина во која ја стигнаа двоцифрената разлика (54:64), а во третиот период беа и на минус од 23.поени. А на неполни четири минути пред крајот, дури и поведоа со (72:71). Но прво Марковиќ, а потоа и Теодосиќ, погодија две битни тројки за триумф на Виртус Болоња.
Ненад Димитријевиќ доста добро се носеше во дуелите со далеку позвучните имиња на европската и светска кошарка како Милош Теодосиќ и Стефан Марковиќ, кои се на првите бековски позиции во славниот италијански клуб.
Но во вторито дел се пожали на повреда. Собра 13:09 минути од играта во кои реализираше седум поени (0/1 за три, 3/5 за два и 1/2 за еден поен), три скока, една асистенција и четири загубени топки.
Во полуфиналето, Виртус Болоња ќе игра против подобрата екипа во руската „мајсторка“ во која ќе играат Уник и Локомотив Кубан.