Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд ќе играат во четвртфиналето од Европкупот, откако вечерва, во мечот на одлука во групата „Е“ славеа голема победа на гостувањето кај Нантер (95:88). Со скор од четири победи и два порази, момците од Бадалона го освоија второто место во групата, кое води во првата „осумка“.
А една од клучните улоги во големиот успех на „зелено-црните“ одигра нашиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.
За 11.минути во првиот дел младиот бек одигра беспрекорно во нападот. Ги погоди сите четири обиди вредни по два поени. Имаше и два скока и едно додавање.
Во ист стил продолжи нашиот репрезентативец и во вториот дел од играта. Иако не играше многу, тоа не му посмета да ги погоди сите седум обиди од поле. Да дојде до бројката од 14.постигнати поени, плус и по два скока, две асистенции и една загубена топка за 17:46 минути во игра.
Хувентуд е меѓу најдобрите осум во Еврокупот. Следува плеј-офот, елиминациските средби против топ-фавротито во ова натпреварување, Виртус Сегафредо Болоња.
Четвртфиналната серија „пообар од три“ се игра во периодот од 23. до 31. март, а предност која ја носи домашниот терен ќе ја имаат „црно-белите“ од Болоња, како првопласирани од групата „Г“.