02.03.2021

Очекувано, нашиот репрезентативец имаше лимитиран број на минути во дуелот со Уникаха кој го загубија (77:90)

ЕВРОКУП: Димитријевиќ се врати на терен, Хувентуд не ја искористи првата меч топка за четвртфинале

Ненад Димитријевиќ ги надмина проблемите со повредата на левото колено, и се најде во составот на Хувентуд за вечерашниот дуел од 5. коло од Еврокупот, во кој на домашен терен ја пречекаа Уникаха од Малага. И на крајот неочекувано го загубија со резултат (77:90)

Нашиот репрезентативен бек имаше лимитиран број на минути. Одигра нецели пет минути од првото полувреме, во кои реализираше четири поени. За кратко време, во два напади, ги погоди двата обиди вредни по два поени.

Играше малку и во второто полувреме (се вкупно девет минути) во кое не погоди два шута за два и еден за три поени. Додаде една асистенција, една освоена и три загубени топки.

Со овој пораз, тимот од Бадалона ја испушти првата меч-топка за пласмна во четвртфиналето. За да бидта таму ќе имаат тешка задача. Во шестото и последно коло, му гостуваат на францускито Нантер. Димитријевиќ и соиграчите ќе треба да ја одбранат предноста од пет поени со која ги победија “елено-елите“ на првиот меч во Бадалона.