19.01.2022 Иако во преполовен состав, Шпанците славеа победа против Промитеас (71:68), 10.поени и 5 скока за Македонецот Ненад Димитријевиќ се врати во составот на Валенсија по прележаната зараза која (по втор пат) му ја донесе коронавирусот, а неговиот тим стигна до нов европски успех. На гостуавњето во Патра, совладана е екипата на Промитеас (71:68) во натпревар од 10.коло на Еврокупот. Младиот македонски репрезент одигра 25:35 минути, период од играта во кој запиша десет поени (5/8 за два поени), пет скока, еден скок и три загубени топки. По десет кола, Валенсија е на делба на првото место во групата „Б“, со скор (7-3) каков што има и подгоричка Будуќност.