Во меѓусебен дуел, екипите на Хувентуд и на Уникс одлучуваа кој од нив ќе заврши на првата позиција од групата „А“ која носи полесни противници во следната ТОП 16 фаза од Еврокупот.
Тимот од Бадалона стигна до победата од (84:77) и најдобра позиција пред следната фаза до ова натпреварување
За кратко време во првиот период од играта, во две минути, Димитријевиќ изведе, и ги погоди сите шест слободни фрлања.
Нашиот млад кошаркар имаше директни дуели против некогашниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор, кој во меѓувреме се врати во тимот од Казан. Но ниту искусниот Американец со македонски пасош не можеше да го сопре Димитријевиќ.
Во уводниот дел од втората четвртина, за нешто повеќе од четири минути во игра, веќе имаше 13. реализации (3/4 од поле и 6/6 од линијата за слободни фрлања). И водство на Хувентуд (28:20).
Тоа фантастично прво полувреме Нено го заврши со 17. реализирани поени. Беспрекорни 4/4 за два, 6/6 за еден и 1/2 за два поени), плус еден скок, една асистенција и една освоена топка, и индекс - 22!
За само 07:42 минути на теренот...
Изненадувачки. Димитријевиќ не почна во првата петорка на Хувентуд во второто полувреме. За среќа, без последици по неговата екипа. А кога Дуран го врати нашиот интернационалец, овој продолжи со погодувањата. А овој му донесе победа, седма за Хувентуд.
Овој скоро совршен меч, Ненад Димитријевиќ го заокружи со 23.поени (1/3 за три, 6/7 за два и 8/8 за еден поен). Имаше и две асистенции, еден скок, една освоена и една загубена топка, индекс-27, за нецели 21. минути на паркетот.
За кошаркарите на Хувентуд ова беше деветтиот меч од ова натпреварување. Останува да го одиграат уште еден, на гостински терен кај Бург, кој претходно беше одложен.