Со последните три одиграни средби, заврши групната фаза од Еврокупот. Сега останува да се доигра онаа елиминациската – четвртфинлето, полуфиналето и финалето.
На последната натпреварувачка вечер, пласманот во првата „осумка“ го потврдија три екипи, Булоњ Метрополитен, Гран Канарија и Локомотив Кубан, кои им се придружија на Монако, Будуќност, Виртус Болоња, Уникс и Хувентуд, чиј составен дел е нашиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.
А се чини дека токму тимот од Бадалона ќе ја има најтешката задача во четвртфиналните битки кои стартуваат на 23. март. Ако сакаат пласман во полуфиналето, потоа и во финалето кое носи пласман во Евролигата, „зелено-црните“ ќе мора да го елиминираат „непобедливиот“ тим од Болоња.
„Црно-белите“ имаат неверојатни 16.победи во исто толку мечеви во досегашниот дел од Еврокупот. Со тоа и предност која ја носи домашниот терен во серијата „подобар во три“ натпревари.
Оттука е јасно дека Димитријевиќ и соиграчите „под задолжително“ мора да направат „брејк“ во Болоња, и со евентуална победа на својот терен во Олимписката арена во Бадалона, да се пласираат во првата „четворка“ од ова натпреварување.
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(23-31.март)
Монако – Будуќност
Булоњ Метрополитен – Гран Канарија
Виртус Болоња – Хувентуд
Уникс – Локомотив Кубан