Екипата на Хувентуд е чекор поблиску до пласман во четвртфиналето на Еврокупот. „Зелено-црните“ стигнаа и до вториот триумф во ТОП 16 фазата од ова натпреварување.
Беа подобри и од екипата на Нантер (95:90), и останаа со максимален ефект во двете одиграни кола.
Ненад Димитријевиќ го почна овој меч како резерва. Во првото полувреме не успеа да се запише во листата на стрелците. Но затоа пак имаше дури пет успешни додавања до соиграчите.
Во продолжение на натпреварот во Бадалона, нашиот репрезентативец почна да шутира, и да погодува.
Заврши со ефект од 12.поени (1/2 за три, 2/3 за два и 5/5 за еден поен). Но и високи осум асистенции, еден скок, една освоена и една загубена топка за 27:34 минути во игра.
Во првото коло Хувентуд беше подобар од Уникаха (95:86).А во третото коло од групата „Е“, на 26. јануари, Димитријевиќ и соиграчите го пречекуваат вториот француски претставник, Монако.