Во петтиот, и последен круг од првата фаза на Еврокупот, кошаркарите на Хувентуд го имаа и најголемиот и најдалечен предизвик во досегашниот дел од евро-сезоната.
Ненад Димитријевиќ и соиграчите, осетно ослабени со неиграњето на ударниот двоец, Анте Томиќ-Пау Рибас, беа гости на екипата на Уникс. Доста добро одигра лидерот во групата „А“ од Еврокупот во Казан.
На крајот и го задржа оној максимален ефект. Дојде до можеби најважниот триумф во овој дел од сезоната.
Беа подобри од Уникс со резултат (93:91).
Иако без услугите на двајца битни играчи, имаа резултатски егал во најголем дел од мечот кој го одлучуваше првопласираниот тим по пет одиграни кола во ова натпреварување.
По 20.минути од играта, од кои одигра 15:45, Ненад Димитријевиќ беше на ефект од шест поени (0/3 за три, 2/5 за два и 2/2 за еден поен).
А во продолжението, негативата од еден поен (33:34), гостите од Бадалона ја претворија во сигурно водство. По три четвртини имаа предност од пет поени (56:51), а нашиот репрезентативен бек дојде до двоцифрен број на поени – десет.
Хувентуд ја бранеше таа тешко стечена предност и во последниот дел од играта. На една минута пред крајот, шпанскиот претставник имаше солидни шест поени разлика (82:76). Но тоа не беше доволно за конечен триумф на гостинската екипа. На секунда пред крајот, Уникс стигна до нерешени (82:82). А откако Димитријевиќ не погоди за победа, мораше да се играат продолженија од пет минути во кои победија со минимални (93:91
За нецели 34:19.минути во игра, Ненад Димитријевиќ забележа ефект од 17.поени (0/6 за три, 5/10 за два и 7/8 за еден поен), две асистенции, два скока и пет загубени топки.
По пет одиграни кола, Хувентуд има макси-ефект (5-0). А во следното шесто коло од ова натпреварување, на 4. ноември, „зелено-црните“ од Бадалона ги чека дуелот со екипата на Партизан во Белград.