На два натпревари, или едно коло пред крајот на регуларниот дел, кошаркарите на Хувентуд обезбедија пласман во ТОП 16 фазата на Еврокупот.
Во осмиот, за нив меч, а деветто коло од Еврокупот, Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи гостуваа во Венеција. И славеа убедлив триумф (89:75) против ослабениот италијански противник.
Доволен за ефект (6-2), со натпревар помалку, додека пак Венеција падна на (2-6).
Многу работи беа познати уште во првото полувреме, односно втората четвртина од играта во која гостите од Шпанија имаа предност и од 18. поени.
На полувремето беше (50:35), а Димитријевиќ за 09:30 минути во игра постигна два поени (1/1 за два и 0/3 за три поени), имаше и по еден скок и асистенција, но и две загубени топки.
Во продолжението, нашиот интернационалец ја поправи својата статистика, особено во последната четвртина. И за 21:51 минути во игра, бекот на Хувентуд стигна до двоцифрен број на поени, десет (0/3 за три, 5/5 за два, 0/1 за еден поен), два скока, една аситенција и три загубени топки.
Следниот меч за Хувентуд е на 15. декември, кога во Бадалона треба да гостува рускиот Уникс.