Кошаркарите на Хувентуд ќе мора да почекаат на заверката на пласманот во четвртфналето на Еврокупот. По трите победи во првиот круг, вечерва се поразени на гостувањето во Монако.
Тимот од француското кнежевство славеше со сигурни (97:82), па по четири одиграни кола во групата „Е“ од ова натпреварување, двете екипи се на идентичен ефект (3-1), но Монако е во предност бидејќи вечерва победи со повисока разлика во однос на поразот пред една седмица во Бадалона (72:79).
Ненад Димитријевиќ одигра доста добар натпревар. Беше прв стрелец во својот тим. Запиша 15.поени (1/1 за три, 3/7 за два и 6/7 за еден поен), дополни со четири скока, четири асистенции, исто толку загубени и една освоена топка за 26:34 минути во игра.
Во наредното коло, на 2. март, Хувентуд ја пречекува Уникаха.