Во третите и решавачки натпревари ја искористија предноста на домашниот терен, и стигнаа до вторите и решавачки победи.
Во руската пресметка, екипата на Уникс славеше победа над Локомотив Кубан со резултат (82:78) и со (2-1) во вкупни скор обезбеди место во полуфиналето.
Во другата четвртфинална серија, комплетно враќање на Монако. По стартниот пораз во „Луј 2“ Арена, екипата од кнежеството ги доби наредните два натпревари против екипата на Будуќност од Подгорица. Во „мајсторката“, тимот кој го предводи црногорскиот стручњак Звездан Митровиќ беше подобар за три поени (90:87).
На тој начин формирани се двете двојки од полуфиналето кое стартува на 6.април, според истиот систем „подобар во три натпревари“:
Монако - Гран Канарија
Виртус Болоња - Уникс