По завршувањето на последниот меч, меѓу Гран Канарија и Венеција бидејќи исходот директно одлучуваше за конечниот редослед во групата „Б“, станаа јасни сите 16. екипи кои одат во следната фаза од натпреварите во Еврокупот.
Екипата на Валенсија за коај до оваа сезона настапува Ненад Димитријевиќ за противник го доби бундеслигашот Хамбург против кого, поради подобриот пласман во регуларниот дел, ќе игра на домашен терен.
Екипата на Бурсаспор, во чиј стручен штаб е нашиот стручњак, Мирко Петрески, пак ќе има далеку потешка задача,екипите затоа што ќе игра против Партизан, и тоа на гостински терен, во Белград.
Осминафиналните дуели од второто, според квалитет натпреварување во Европа, ќе се играат на 19. и 20. април, а патникот меѓу осумте најдобри ќе се добие по само еден одигран натпревар.
ОСМИНАФИНАЛЕ
Хувентуд – Улм Ратиофарм
Виртус Болоња – Лиеткабелис
Левалоа – Рејер Венеција
Валенсија – Хамбург
Гран Канарија – Шљонск Вроцлав
Андора – Будуќност
Цедевита Олимпија – Турк Телеком
Партизан – Бурсаспор