По малку изменет формат, со повеќе екипи учесници, 20, ќе биде следното издание на Еврокупот, второто според квалитет натпреварување во Европа, во кое Македонија ќе има свој претставник.
По промената на играчката средина и трансферот во Валенсија, Ненад Димитријевиќ останува дел од ова натпреварување.
А нашиот репрезент и тимот од „Фонтета“ ја имаат таа среќа да бидат први носител пред ждрепка на двете групи, во кои ќе има по десет екипи.
По првата фаза во која ги очекуваат дури 18. натпревари, првопласираните осум одат понатаму, во осминафиналниот дел.
Ждепката е закажана за 9.јули, со почеток од 13.15 часот.
ИЗГЛЕД НА „ШЕШИРИТЕ“ ВО ЕВРОКУПОТ
1.ГРУПА: Валенсија, Андора
2.ГРУПА: Промитеас, Локомотив Кубан
3. ГРУПА: Гран Канарија, Хувентуд
4.ГРУПА: Партизан, Будуќност
5.ГРУПА: Виртус Болоња, Лиеткабелис
6.ГРУПА: Цедевита Олимпија, Тренто
7.ГРУПА: Булоњ, Бурж
8.ГРУПА: Улм, Турк Телеком
9.ГРУПА: Тофаш, Хамбург
10.ГРУПА: Венеција, Сласк Вроцлав