01.02.2022

Гран Канаријa ја прекина серијата од осум победи на Валенсија во сите натпреварувања.

ЕВРОКУП: Валенсија испушти победа против Гран Канарија, солидно издание на Димитријевиќ

По продолжението од пет минути, домаќините слават со минимални (91:90).

Гостите од Валенсија треба да жалат бидејќи беа пред нов триумф откако на две минути пред крајот на основниот дел поведоа со плус 8 (81:73). Но до крајот гостите не успеаја да поентираат, Гран Канарија направи серија од (8-0), се избори за продолжение во кое направи пресврт и стигна до триумфот во шпанската пресметка во Еврокупот.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот помина 26 минути. И за тоа време постигна седум поени, имаше уште и пет асистенции, две освоени топки и два скока.