Вечерва стартуваа и натпреварите од новата сезона од Еврокупот, второто според квалитет натпреварување во европската клупска кошарка.
Натпреварување во кое учествуваат и некои наши репрезенти, како Ненад Димитријевиќ, кој од оваа сезона ќе игра во шпанската Валенсија, и Џејкоб Вајли, кој е дел од играчкиот ростер на подгоричка Будуќност.
А Валенсија на домашен терен ја пречека, и ја совлада екипата на Промитеас од Патра (92:82). А Димитријевиќ покажа дека ќе биде големо засилување за тимот од „Фонтета“. Македонецот флертуваше со дабл-дабл ефект. За скоро 22.минути поминати во игра, имаше неверојатни 11.асистенции. Освен тоа додаде и девет поени (0/1 за три, 4/9 за два и 1/1 за еден поен), и два скока.
Утре вечер, од 19.30 часот, Будуќност игра против Ратиофарм во Улм.