Екипата на Барселона дојде и до втората победа на турнирот на јуниорската Евролига кој се одржува во Валенсија. Тимот за кој настапува нашиот млад репрезентативец Теодор Симиќ, полесно од очекувањата, славеше повеќе од убедлив триумф (109:48) против домаќинот на завршниот турнир од ова натпреварување – Валенсија.
Се беше јасно по првите 20.минути во кои гостите од Каталонија направија неверојатни (63:21).
А Теодор Симиќ комплетираше вкупно 20:16 минути на оваа средба. Центарот на Барса дојде до ефект од 16. поени (5/6 за два и 6/6 за еден поен), имаше и седум скока и уште три асистенции за тоа време во игра.
Утре, од 16.часот. во „Фонтета“, во решавачкиот дуел за првото место во групата „Б“, тимот од „Блауграна“ за противник го има одличниот српски состав Мега СокерБет, која исто така запиша две победи во два натпревари.
Во групата „A“, две победи има Реал Мадрид, Жалгирис два порази, додека другите две екипи Асвел и Црвена Ѕвезда се на половичен ефект (1-1).