И покрај големата желба на раководството на Евролигата, завршниот турнир од елитното натпреварување ќе се одржи без присуство на навивачи на трибините.
Ваквата одлука како што претставција претставниците на Евролигата е донесена за да се сочува здравјето на кошаркарите.
Затоа, пристап до „Ланксес“ арената во Келн, каде ќе се одржи „Фајнал-форот“ ќе имаат ограничен број новинари, а лимитиран ќе биде и бројот на членови на екипите учеснички.
Со тоа официјално ќе се стави крај на сезоната која во најголем дел (со исклучок на Русија и Израел) се одигра без навивачи на трибините.
Завршниот турнир е закажан за периодот од 28. до 30. мај.
Келн ја задржа организацијата откако лани, поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, Евролигата беше прекината и не беше прогласен шампионот.