Екипата на Валенсија е победник на вториот претсезонски турнир кој го организираше Евролига. Во својата сала „Фонтета“, во финалниот натпревар беа подобри од екипата на Асвел.
Славеа со сигурни (77:66), доволно за победничкиот пехар на собирот во Валенсија, насловен како „WE'RE BACK“.
Петмина домашни кошаркари завршија со двоен број на поени. Со вкупно 16, ги предводеше капитенот Бојан Дубљевиќ. Тоби имаше 13, Лабери 12, а по 11 дадоа Вивес и Калиниќ.
Кај Асвел, двоцифрената бројка ја минаа сами Хауард (12) и Хејс (11 поени).
Претходно, во мечот за третото место, Олимпијакос беше убедлив против Баен од Минхен (82:68).
Кај тимот од Пиреја блескаше повратникот во „црвено-белиот“ дрес, Костас Слукас кој комплетираше дабл-дабл од 25.поени и 13.асистенции. Одличен ефект имаа и Везенков (уфрли 18.поени) и Јоргос Принтезис кој овој меч го заврши со 16.поени.
Во уште едно лошо издание на баварскиот состав во овој период на подготовки за новата сезона во Евролигата, Малком Томас постигна 14.поени, Владимир Лучиќ имаше 13, а Жан-Марк Шишко 12.поени.