16.09.2020

По турнирот одигран во Каунас, на ред дојде оној во Валенсија.

Евролига: Валенсија и Асвел влегоа во финалето на вториот „Тур“

Вториот евролигашки „Тур“, насловен како “We’re Back”, започна со изненадувачки висок триумф на францускиот Асвел против Олимпијакос (74:57).

Само наизглед изненадувачки, особено ако се земе в предвид дека тимот од Вилербан доминираше во сите четири периоди од играта. Кошаркарите на Асвел погодија 12, наспроти само една тројка на пирејците.

Четири од нив беа дело на Алерик Фримен кој со 14.поени беше и најефикасниот играч во победничкиот тим. Мустафа Фал и Норис Кол го следеа со по 12.реализации, додека Дејвид Лајти постигна 11.поени.

На другата страна, Октавиус Елис даде 12, а Хасан Мартин 10.поени, а имаше и исто толку скокови за дабл-дабл ефект.  

Во вториот натпревар, домаќинот Валенсија излезе како победник против минхенски Баерн (84:76), па ќе се бори за победничкиот трофеј на овој турнир кој го организира Евролигата.

Се до три минути пред крајот играта беше „на еден посед“, односно тоа беше резултатски егал (75:74). Но  во тие 180 секунди, домашната екипа направи серија од (9-0) која се покажа како победничка.

Мајк Тоби беше првиот шутер на Валенсија даде 17.поени (6/9 од игра), добра помош доби од Бојан Дубљевиќ кој уфрли 15, и новакот во тимот Мартин Хермансон, стрелец на 12.поени.

За Баерн, Николас Велер-Баб постигна 14.поени , а Вејд Болдвин и Владимир Лучиќ имаа по 12.