Актуелниот претседател на КФСМ е еден од номинираните во изборот на најдобрите играчи во Евролигата за ова десетлетие...
Играше пет евролигашки сезони во ова десетлетие, но се чини дека никој за така кратко време не успеал така максимално, ефектно, да стигне до дури три евролигашки титули.
Со трите пехари во џебот, во периодот од 2010 до 2020 година, со титулата како еден од најхаризматичните играчи во историјата на Евролигата, Перо Антиќ доби номинација за избор на најдобрите во најсилното европско кошаркарско натпреварување.
Во 2011 година, и пауза од шест години, Антиќ се врати во евролигашката кошарка. Со директен импакт во игрите на Олимпијакос. Им помогна на Пирејците да стигнат до титулата најдобар на Стариот континент за која чекаа цели 15. години.
Една година подоцна, уште еднаш им помогна на „црвено-белите“ од Атина, но сега на собирот во Лондон, да ја одбранат шампионската титула, како еден од ретките тимови кому му пошло од рака да го направат тој подвиг.
Во полуфиналето против ЦСКА реализираше 13.поени, а во оној меч за пехарот придонесе со уште десет поени и шест скока. Доволно да го турнат и „кралот“од Мадрид.
Неговата тројка со „степ-бек“ беше иницијалната каписла Оли да направи неверојатен пресврт. Да се врати од негатива од 17. поени за комплетно лудило во Пиреја.
Перо Антиќ се врати во Евролигата и во 2015 година. За да му помогне на Фенербахче да дојде до својот прв, исто така историски пехар. Во финалето против ЦСКА реализираше 16.поени, а турскиот гигант во продолжението ја доби епската битка пред својата публика во Истанбул.
Да му го даде тоа задоволство на Антиќ да направи евролигашки хет-трик, но и да му ја потстриже косата на својот тимски колега Луиџи Датоме.
Моменти за паметење, за историја на Евролигата и на македонската кошарка чиј предводник е сега Перо Антиќ.