Чекавме долго време и не беше лесно, но сега имаме некои одлични вести. Чекањето за да ја гледаме најдобрата кошарка во Европа е „скратено“.
Кошаркарската Евролига ќе ја враќа елитната кошарка назад кон европскиот континент со организација на претсезонски турнири на кои ќе настапат некои од најдобрите клубови во најелитното натпреварување.
Првиот настан ќе биде во „Жалгирио“ Арената во Каунас. На турнирот во Литванија, планиран да се одржи на 12. и на 13. септември, ќе учествуваат екипите на Армани од Милано, Панатинаикос, Анадолу Ефес, и домаќинот Жалгирис.
Потоа, вниманието на евролигашката јавност се сели во „Ла Фонтета“ во Валенсија, каде на 15. и 16. септември ќе играат екипите на Баерн од Минхен, Олимпијакос, Асвел и Валенсија, во улога на домаќин на овој собир.
„Знаеме колку пропуштија нашите посветени навивачи на Евролигата. Можам да ги уверам сите дека Евролигата не заборава на нив“- порачува претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу. „Со овие претсезонски натпревари не само што дава една таква можност, туку на играчите, персоналот, тимовите и нас како лига ќе ни даде шанса да се подготвиме колку што е потребно за официјалните игри во октомври. Со овие два турнири сите победуваат“.
На двата турнири ќе се игра по оној вообичаен турнирски систем. Два полуфинални натпревари, по кои наредниот ден. победниците ќе играат за трофејот, а поразените за третото место.