Во последното четвртфинале, иако големи аутсајдери, Полјаците го елиминираа актуелниот континентален шампион Словенија, победувајќи го со (90:87).
Репрезентацијата на Полска е најголемото изненадување на Европското првенство иако во досегашниот дел од шампионатот имаше и други слични резултати.
Големото изненадување, Пољаците го најавија уште во првото полувреме во кое играа фуриозно и имаа водство од 19 поени разлика (58:39), а Понитка, Балцеровски и Соколовски го полнеа противничкиот кош.
Словенија се врати во третата четвртина. Не само што ја стигна негативата, туку со доста агресивна игра во одбраната, и доба проток иефиаксност во нападот, дури имаше и водство, и на влезот во последниот период, Лука Дончиќ и соиграчите имаа плус 5, (73:68).
Тогаш почна неочекуваниот пресврт на полската репрезентација. Со серија од 16-3, Полска дојде до водство од 84:76. Работата им ја олесни и тоа значително, петтиот прекршок на Дончиќ.
Во последните 60 секунди веќе беше (89:80), Словенија направи „блиц-кри“, стигна на (87:90) и имаше неколку секунди да организира напад за израмнување, но на крајот Препелич очајнички се обиде да донесе продолжение, но не успеа во тоа.
Матеуш Понитка го одигра својот натпревар на кариерата. Дојде до трипл-дабл ефект од од 26. поени, 16. скока и 10 асистенции за индекс 41.
Лука Дончиќ, исто така, беше блиску до трипл-дабл (14 поени, 11 скока, 7 асистенции), а најефикасен кај сега веќе екс европскиот шампион беше Чанчар, стрелец на 21. поен.
Претходно, за место во големата „четворка“, макар и доста среќно, се избори репрезентацијата на Франција откако излезе како победник во драматичниот натпревар со Италија (93:85) по продолжение од пет минути.
Натпреварот беше исклучително сличен на оној што „триколорите“ го одиграа со Турција во саботата, дури и резултатот од основните 40 минути беше идентичен (77:77).
На 16. секунди пред крајот Фурние го фаулира Фонтекио, италијанскиот репрезентативец можеше да стави точка, односно да ја однесе својата селекција на предност од четири разлика, а Томас Ертел во последниот напад го израмни резултатот и го однесе мечот во продолжение.
Беше неизвесно до 69 секунди пред крајот кога Франција поведе со (87:85) за потоа „триколорите“ да го нокаутираат противникот. Гобер, Тарпи и Луваву погодија за конечен триумф и пласман на Франција меѓу четирите најдобри.
Ертел со 20 поени беше најефикасен во француската репрезентација, но играч на мечот беше Руди Гобер кој оствари дабл-дабл со 19 поени и 14 скока. Фонтекио и Спису со по 21. реализиран поен ја предводеа Италија.
Па така, во полуфиналето, кое е на програмата на 16.септември (петок), ќе играат Германија и Шпанија, односно Полска и Франција.
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Шпанија – Финска 100:90
Германија – Грција 107:96
Франција – Италија 93:85
Словенија – Полска 87:90
ПОЛУФИНАЛЕ – 16. СЕПТЕМВРИ
17.15: Франција – Полска
20.30: Германија - Шпанија