24.11.2023

Специјална олимпијада Македонија заедно со нашаѕа федерација го организира 20. издание на европската кошаркарска недела.

„Европска кошаркарска недела“ во организација на Специјална олимпијада Македонија

Европската кошаркарска недела 2023 ќе опфати 3Х3 basketball во чии рамки лицата со интелектуална попреченост ќе се натпреваруваат заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови.

Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада Македонија повикува на еднаквост и ја нагласува потребата за еднакви можности за сите.

Европската недела на кошарка на Специјалната олимпијада ќе биде реализирана на 25.ноември (сабота), со почеток од 09.00 часот во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Во рамките на настанот, обраќање ќе имаат претставници на кошаркарска федерација на Македонија, специјална олимпијада Македонија, фонд за население на Обединетите нации – УНФПА, како и спортски амбасадор на Агенцијата за млади и спорт.