12.04.2021

„Треба да се биде реален, во овој момент е нереално да имаме 100% или 50%  искористеност на ‘Ланксес' Арената “ – велат од Евролигата

„Фајнал-форот“ во Келн со 25% „простор“ за евролигашките фанови?

„Ланксес“ Арената во Келн ќе биде домаќинот на завршниот турнир во најсилното европско натпреваруавње – Евролигата. Но прашањето кое ја интересира кошаркарската јавност се бројот на фанови кои евентуално би го проследиле најголемиот кошаркарски настан за 2021 година, по олимпискиот кошаркарски турнир во Токио.

Најдобро можно сценарио, според луѓето кои се задолжени за организација на ивентите на Евролигата, е бројката на посетители да биде од 0 до 25%.

„Одлучивме да не почнеме со продажбата на влезните билети се додека немаме гаранции за бројот на посетители кои може да влезат во Арената. Не сакаме да креираме лажни ветувања во таа насока, и да донесеме разочарување кај фановите. Ако постојат услови натпреварите да се играат со присуство на одреден број на навивачи, ние ќе го реализираме тоа“ – вели шефот на бизнис-операциите во Евролигата, Росер Кералто.

„Ако сме рални, во овој момент ситуација не дозволува да имаме 100% или 50% од капацитетот, а некое развојно сценарио вели дека можеби може да се дојде до бројката од 25%, иако ние мора да бидеме подготовени и за сценарио 0%. Со актуелните рестрикции, односно ако евентуално 'Фајнал-форот' би се играл во текот на наредната седмица, тоа сценарио е доста реално“.