Преку специјално креиран дел ФИБА преку својот веб-сајт им понуди неколку нивоа на гласање, односно за неколку различни позиции во „Тимот на соништата“.
А би се рекло сосема оправдано, според вкупниот број на гласови од фановите, во идеалните пет на ФИБА Евробаскет за периодот 2000-2020 година се најдоа Пау Гасол (Шпанија) и Дирк Новицки (Германија).
Помалку неочекувано, друштво има прави грчкиот бековски двоец Василис Спанулис и Димитрис Дијамантидис, а петорката се заокружува со литванската легенда, Шарунас Јасикевичиус.
За потсетување, Пау Гасол е трикратен европски првак и два пати прогласуван за најкорисен играчи на Евробаскет. Има вкупно седум одличја од Еврошампионатите со Шпанија и просек од 20.4 поени и 8.2 скока на 58 одиграни мечеви на завршните турнири.
Дирк Новицки одигра 49.мечеви за Германија, со просек од 21.5 поен и 7.4 скока по натпревар во својата репрезентативна кариера. Во три едиции на Европските првенства беше најдобар стрелец, а во 2005 на турнирот во Белград стигна и до МВП признанието, откако популарните „панцери“ ги донесе до големото финале во кое загубија од Грција.
МВП перформанси покажа и Шарунас Јасикевичиус, во 2003 и во 2007 година, кога освои бронза на Евробаскетот. Кариерата ја заврши со просек од 9.поени и 4.9 асистенции на 45. мечеви за селекцијата на Литванија.
Славниот грчки двоец пак го донесе својот национален тим на кровот на Европа на Евробаскетот одржан во Србија и Црна Гора во 2005 година.
Освен тоа, Спанулис има и бронзен медал од ЕП во 2009 година и место во идеалната петорка на шампионатот, а неговиот просек во кариерата изнесува 11.3 поен и 2.9 асистенции на 38. мечеви од највисокиот репрезентативен европски ранг.
Дијамантидис одигра доста помалку натпревари за Грција, вкупно 22. Со просек од 6.поени, 4.3 скока и 3.1 асистенции на завршните натпреварувања на Стариот континент.
Инаку, на првичниот список составен од 80. играчи кои дале свој придонес во изминатите 20 години од европската репрезентативна кошарка, и влегоа во кругот на гласање, беа и нашите легендарни кошаркари, Перо Антиќ и Лестер Мекејлеб.